Стигматизацијата е една од формите со кој се соочуваат Ромите во нивното секојдневие. Тоа е општо познат факт. Меѓу другото општо позната фраза е дека:
Ромските деца не посетуваат редовно училиште и настава. Ромите најчесто се без работа и работен ангажман. Поради тоа Ромите се во најголем број баратели на социјално економски бенефиции од страна на државата, без разлика за која сума на пари станува збор.
Ромите се најчесто таргетирани дека нивното плаќање на комуналните давачки е на најниско ниво. Многу мал процент на Роми се редовни во своето плаќање на сметки за струја, вода, интернет и слично.
На Ромите на им е дозволено така лесно да патуваат во странство. И на крај е фактот дека Ромите се познати како валкани и затоа другите не Роми бегаат и се одалечуваат од нив. Неќат да се во нивно опкружување и близина.
Е сега поради пандемијата од Коронавирусот се случува еден парадокс. Сличен на она чувство со кој се соочуваа Ромите во своето секојдневие.
А тоа е следното. Сега и не Ромските деца не одат на училиште. Сега и неРомите се без работен ангажман. Сега и неРомите чекаат од државата социјална и друга економска подрѓка. Сега и не Ромите не плаќаат редовно, сметки за струја, вода, телефон и интернет. Сега и неРомите неможат и им е забрането да патуваат во странство. И на крај сега и неРомите бегаат еден од друг и до два метри, за да не се заразат.
Нели е парадокс?!