Во Хрватска има околу 17 илјади Роми , најголемиот број оод нив во Меѓумурије. Во екот на пандемијата со коронавирусот малку кој ги споменува, но ако вирусот влезе во ромските населби каде инфраструктурата е слаба таа ќе се претвори во вистинска хуманитарна и здравствена катастрофа
Единствено добро е во целата оваа ситуација што овие населби се социјално одалечени и на некој нчин се изолирана од зедницата. Владата на Хрватска донесува економски мерки, но не и за најзагрозената група каде се вбројуваат и Ромите.
За среќа вирусот сеуште не се појавил во тие населби , и доколку се појави тоа би било равно на огромен пожар, велат ромските лидери од таа држава.
“Епидемијата многу тешко ќе се одрази на Ромите„ нагласи народниот правобранител Лора Видовиќ. Со акцент дека сега на Ромите им е потребна медицинска заштита и храна како и хигиенски пакети. Тие не се во можност поради ограниченото движење редовно да се снабдуваат затоа што 68% од домаќинствата немаат нту свој автомобил, јавниот превоз е укинат и забрането е напуштање на местото на живеење без пропусница