– Да не бидеме заложници на овој вирус, треба да живееме нормално и да го прифатиме овој вирус. Да ги оставиме лекарите да се занимаваат со оваа болест и тие да се навикнат и да бидат спремни кога ќе дојде оваа болест – порачува Марковски.
Но, навистина епидемиолозите треба да размислуваат и за една друга состојба, ние сега се изолиравме ќе имаме релативно мал број на позитивни, но познавајќи ги другите болести, што се случува?
Кога завршува една епидемија со грип или со некоја друга респираторна инфекција? Кога ќе имаме доволно популација која ќе има антитела, која го прележала. Значи, кога ќе почнат да се судираат новоинфицирани кога ќе треба да го пренесат причинителот на друг, тој веќе е отпорен или не му го зема и тогаш таа епидемија завршува.
На прашањето дали треба граѓаните да носат ракавици и маски, тој вели:
– Ракавиците, кого штитат и зошто штитат? Овие респиратни вируси не даваат проливи, не требаше да дојде корона за да миеме раце. Миењето раце е доволно после излегувањето надвор. Ракавици не треба да се носат, зашто од многу миење раце може да се уништи нормалната флора па да можете да имате бактериски инфекции.
Маските треба да се носат. Тоа треба да се практикува и кога немаме вакви ситуации. Ако некој не се чувствува добро треба да носи маска, така ги штити другите.