Комисијата за заштита од заразни болести предала за првомајските празници да биде воведен полициски час сличен на оној за Велигденските празници. Тоа значи дека предлогот кој денес ќе се разгледува на владина седница е полицискиот час да почне вечерта в четврток до понеделник на утро, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој истакна дека се уште е рано за опуштање и дека на седницата ќе се разгледаат и други предлози и во текот на утрешниот ден ќе се знае од кога ќе почнат ограничувањата за да можат граѓаните да планираат.
„ Во меѓувреме видов и реакции на министерот Чулев, сметам дека не треба да станува збор за какво било какво лично мислење или тенденција, заради тоа што сите овие мислења се темелат на стручните сознанија на Комисијата за заразни болести.
Така функциониравме до сега, се темелеа на бројот на пациенти на тоа што може да очекуваме од рестриктивните мерки, има медицинска издржаност за тоа што го препорачуваме. Се разбира дека граѓаните не сакаат да седат дома, кој би сакал да седи дома три дена затворен, но има причина зошто тоа е така предложено“, изјави Филипче.