Деница Иванова од Амалипе Центарот за меѓуетнички дијалог и толеранција во Бугарија, невладина организација вклучена во проектот Ромски цивилен монитор, водена од Центарот за студии на политики од Централноевропскиот универзитет, е автор на следниот блог-пост за влијанието на КОВИД-19 врз образованието и пристап до учење од distanca од страна на ромски деца:
Поради пандемијата COVID-19, последните денови беа тешки за сите нас. Моравме драматично да го промениме нашиот секојдневен живот. Да се стане мобилизиран и одговорен е она што сега се бара. Треба да бидеме благодарни на сите лекари, медицински сестри и фармацевти кои постојано се во директен контакт со болните и заразените.
Тие навистина се херои! Сите ние моравме да се откажеме од редовните рутини, и тоа не е лесно за никого. Сепак, наставниците мораа радикално да го променат начинот на работа и да воведат целосно иновативни методи.
Многумина сега за прв пат создаваат дигитални лекции и користат различни начини на работа преку Интернет со студентите, и тоа воопшто не е лесно. Тие исто така ја заслужуваат нашата благодарност.