Започна реализацијата во полето видливост во рамките на проектот - Почитување на правата на затворениците од етничките заедници низ призмата на ромската заедница

Здружение Ромски деловен информативен центар во Македонија (ЗРДИЦМ),ја продолжи следната фаза во реализација на проектот „Почитување на правата на затворениците од етничките заедници низ призмата на ромската заедница„.

 

Таа предвидува видливост кој е и целта на овој проект.Реализирани се интервјуа со поранешни осуденици Роми, како и разговори со дел од луѓето кој преку своите здруженија и асоцијации се борат заз заштита на човековите права со таргет Ромската заедница.

 

Целта на проектот е да се детектираат проблемите во македонските казнени поправни установи како и перцепцијата со ммито и корупција.

Во самите свои искази дел од осудениците  - Роми го потенцираат и тој момент дека во македонските затвори е присутине тој момент.

 

Исто така на таа тема и свое образложение и забелешки даде и Шенај Османов – Директор на Асоцијацијата за заштита на човековите права на Ромите од Штип.

Тој наведува дека има случаи на мито и корупција во затворските институции и дека тоа го тврдат и самите некогашни осуденици кој го наведуваат во своите искази.

 

Тоа подразбира дека и самите лично или индиректно (биле сведоци) на тие појави.

Во тие рамки и се подготвува еден филмски документ токму на таа тема каде со свои искази, примери, како и превземање на адекватни чекори ќе има повеќе соговорници .

 

Тоа  е согледано исто така и во Прашалникот кој има за цел да се добијат информации за нивото на препознавање на проблемите од страна на осудените лица, вклучително и на припадниците на помалите етнички заедници во КПД Идризово, КПЈ Затвор Скопје и КПД Штип, врз 20 испитаници од секој затвор поединечно.

 

Од добиените резултати од прашалникот, ќе се направи извештај кој ќе ги отсликува реалните состојби во КПД Идризово, КПЈ Затвор Скопје и КПД Штип, а посебен акцент ќе се стави на осудените лица припадници на помалите етнички заедници во државава.

 

Во зависност од резултатите добиени од обработката на прашалниците, ќе се дадат јасни препораки со цел подобрување на положбата и третманот на затворениците, како и подобрување на условите во кои тие ги издржуваат своите затворски казни.

 

Се очекува препораките да допринесат и до еднаков третман на сите затвореници без разлика на етничката припадност.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 48 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот