На 16 мај 1940 година во 06:00 наутро во Хамбург започна апсењето на Ромите и Синтите од страна на криминалната полиција, и однесени во тогашниот конц логор Белзец во делот обележан како Барака Ц
Тоа значи дека Холокаустот (Порајмос) врз Ромите и Синти започна на 20 Мај 1940 година со првиот воз за депортација.
Од Хамбург имаше уште две депортации на Роми и Синти и тоа девете во Аушвиц. Првата на 11 март 1943 година и на 26 април 1944 година.
Инаку депортацијата на Ромите и Синтите беше исто така во текот на Втората светска војна низ територијата на цела Германија и низ многу земји во Европа.
Од нив над 90% завршија погубно за Ромите и Синтите.
Долго време не беше признат овој прогон врз Ромите и Синтите. За првиот прогон во Хамбург дури во 1982 година се изборија за комеморативен настан во Хамбург.
Поради состојбата со коронавирусот оваа година на одбележување на 80 години од тој настан, не ќе може масовно одбележување на овој настан, но сепак една мала делегација ќе запалат свеѓи и ке положат венци на ромските гробишта "Дибштајх" во Хамбург.