Ковид-19 и 5G – теорија на заговор која загрижува

Теоријата за 5G не е единствената теорија на заговор поврзана со новиот коронавирус.

Некои луѓе лажно ја поврзуваат пандемијата со Фондацијата на Бил Гејтс, додека други го поврзуваат вирусот со биолошките оружја создадени од Кина или САД.

 

Кога времето е тешко, „луѓето се мотивирани да најдат објаснувања што им даваат некаква, макар и лажна смисла на работите“. Значи, тие бараат модели што не постојат.

 

“Ни треба нешто што е под контрола”, вели Ани Стерниско, истражувач по социјална психологија на Универзитетот во Њујорк. “Можеби е поутешно да се има сеопфатна тајност која ја диктира сериозноста на вирусот отколку да признаеме дека светот и човештвото се зафатени од тоа”, вели таа.

 

Од друга страна, ако луѓето веруваат дека „Ковид-19“ е создаден од страна на таканаречена „Deep State“ или од телекомуникациските компании опседнати со профит, тоа е проблем за сите.

 

Проблемот беше поттикнат од погрешно вирално видео на Јутјуб на 12 март 2020 година, поставено од групата против вакцинирање “Родители за здравствени права”, во кое лекар на дисциплинска условна казна по име Томас Коуан ги поврзува мрежите на 5G со вирусот, тврдејќи дека урбаните области се најтешко погодени од Ковид-19.

 

Ова видео беше избришано, но не пред американскиот пејач Кери Хилсон да го сподели со 2,3 милиони следбеници.

Нема научна основа која ја поврзува 5G безжичната мрежа со ковид-19.

5G е најновата генерација на безжични мрежи која е побрза и поефикасна од претходните.

 

Како и 3G или 4G и 5G се пренесува преку радио бранови, нештетен дел од електромагнетниот спектар. Едноставно 5G е збунувачки и таа конфузија создава неизвесност. А со неизвесноста доаѓат и теориите на заговор. Ако врската меѓу 5G и коронавирусот нема никаков доказ, зошто луѓето сè уште веруваат во тоа?

 

Теориите на заговор им се допаѓаат на луѓето од најразлични причини. Ван Бавел смета дека „луѓето често сакаат некој или некоја група да биде обвинета“, додека Герцел забележува дека кога исплашените луѓе се желни за објаснување, тие се лути и бараат цел за својот гнев.

 

Исто така, постои и социјален аспект на теориите на заговор. Стерниско забележува дека чувството за обединување над заедничка кауза може да ги привлече луѓето во движења на заговор.

 

Идејата дека навистина ја знаете вистината, исто така им помага на луѓето да се чувствуваат „посебни и уникатни“.

 

Луѓето исто така создаваат теории на заговор со различни цели, вели Герцел. Некои луѓе сакаат внимание. Други сакаат да ја унапредат својата политичка кариера или да влијаат врз јавното мислење. Многумина сакаат да заработат, профитирајќи на неизвесноста.

„Мислам дека секоја група што има причина да се промовира, ќе скокне на ова“, вели Герцел, кој ги предупредува луѓето да внимаваат на сегашните пандемиски профитери.

 

 

Link: https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B4-19-5g-%D1%82%D0%B5%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80/30567653.html

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 118 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот