Плата од 16.564 денари (260 евра) нето во март годинава земале луѓето кои се занимаваат со производство на мебел.
Ова може да се види од податоците кои ги објави Државниот завод за статистика.
16.276 денари добивале и работниците кои работат на подготовка и псолужување на храна.
Плата во висина од 16.195 денари примале во секторот заштитни и истражни дејности.
16.859 денари заработувале во секторот Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата.
Плати од 17.150 денари (270 евра) примале луѓето кои се занимавале со производство на облека.