Кои земји во ЕУ отвораат граници и кога - познато кога ќе може да се патува и каква е одлуката за тестирање и карантин

Со попуштање на мерките воведени поради пандемијата коронавирус, земјите на ЕУ почнуваат да ги отвораат своите граници, па многумина се прашуваат каде може да се оди на одмор.

 

Грчките грании повторно ќе се отворат на 15. јуни, но само за граѓаните од Германија, Кипар, Израел, Балканот и балтичките земји. На туристите ќе им биде дозволено да влезат во Грција без негативен тест на ковид-19 или задолжителен карантин кога меѓународните летови повторно ќе започнат на 1. јули, пренесув Јуроњуз.

 

Бугарија најавила отворање на границите со Србија и Грција од 1. јуни.

Хрватска повторно ги отворила своите граници со Словенија на средината на мај, а на 29. мај би требало истото да го направи Австрија, Чешка, Унгарија и Словачка.

 

Унгарија ги отвори границите со Романија, а од среда се отвора и границата со Словачка и Чешка, но со ограничување.

Шпанија повторно ќе ги отвори границите за туристите на 1. јули.

Француските граници остануваат затворени најмалку до 15. јуни, освен за граѓаните на ЕУ кои престојуваат во Франција, сезонските работници и граѓаните на ЕУ кои работат во Франција.

 

Во Германија проверки на границите со Австрија, Швајцарија, Франција и Данска и за патници кои доаѓаат со авион од Италија и Шпанија остануваат на сила до 15 јуни.

Границите на Велика Британија се во моментов отворени. Од 8. јуни посетителите од странство ќе седат во карантин до 14 дена.

 

Австрија планира во целост да ги отвори границите со Германија и Австрија, а од 27. мај со Словачка и Унгарија, но со ограничувања.

 

Холандските граници се отворени за оние кои патуваат во шенген просторот, но се советува избегнување на сите патувања кои не се неопходни. Белгиските граници остануваат затворени.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 135 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот