Словачка досега има релативно мал број случаи на КОВИД-19 (потврдени 1457 случаи и 26 смртни случаи со 120 645 тестови извршени заклучно со 27 април).
Но, од потврдувањето на првиот случај на 6 март, се појавија стравувања дека појава во ромски заедници и други групи загрозени од сиромаштија и социјална исклученост може да доведе до брзо ширење на болеста.
Словачка има една од најголемите популации на Ромите во Европа и се околу 500 000 — околу 10% од населението. Многу Роми и некои меѓународни групи за човекови права тврдат дека се соочуваат со системска маргинализација и дискриминација.
Околу третина од Ромите во Словачка живеат во сегрегирани населени места каде што е честа појава на сиромаштија, пренатрупаност, ограничена инфраструктура и лоша хигиена.
Здравјето кај Ромите во населбите е исто така полошо од мнозинството население и зачестеноста на заразни болести, вклучувајќи хепатитис, туберкулоза и сифилис, каде е многу честа таа појава.