Мој заклучок: Зошто COVID-19 „не влегува„ во ромските населби?

Ромите воопшто не беа приморани да држат физичка дистанца во своите заедници , затоа што општеството со векови ги држи во една форма на изолација –дистанца. Не велам дека немаше опасност од короната да влезе и во ромските населби, но реално поголема опасност за да се инфицираат беа луѓето кои одеа редовно на работа често и по двајца –тројца од едно семејство, купуваа по трговските центри, правеа трансакции во банките, одеа во амбуланти, болници и беа таму на места каде со години Ромите немаат ниту пристап и пред пандемијата.

 

Поимот „Короната не доаѓа на гости, туку самата си доаѓа„ ако се гледа од една страна дека за да го фатиш овој вирус потребно е да се исполнуваат и некои предуслови.

И покрај тоа што во најголем број на ромски населби условите и инфраструктурата се на најминимално ниво, сепак тие населби се буквално „затворени„ од надворешни влијанија.

 

Она што би сакал да препорачам е следното: Доколку повторно се прогласат вонредни состојби препорачувам за некое време да се преселите вие кој не сте Роми во некој од ромските населби во градот каде што живеете.

 

Навистина може нема ни вода, ни струја, вашиот убав автомобил со бела или сиво металик боја ќе биде малку валкан од неасфалтираните патишта и сокаци, навистина ќе живеете заедно со Ромите во сиромаштија и конечно ќе разберете како живеат Ромите , ама затоа ќе бидете потполно изолирани од остатокот од светот.

 

Е сега дали навистина нема да се инфицирате со корона вирусот, не можам 100% да гарантирам, ама да не се инфицирате шансите се големи, зошто ќе бидете потполно изолирани од остатокот на светот, да не кажам – сосема заборавени. Може понекогаш да дојде некоја ТВ екипа да снима и си направи атракција прилог, демек Ромите не носат маски , ама  -секое чудо три дена!

Размислете – изборот е ваш!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 853 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот