Дали совеста ќе проработи? Дали ќе се дознае вистината? Дали смртта на младиот Ром Даниеле Хименез ќе биде невидлива за јавноста.
Тие прашања си ги поставуваат семејството, роднините и пријателите на Даниел.
Неговот семејство тврди дека Даниеле всушност починал под трагични и непознати околности во полициската станица во провинцијата Кадиз.
Но извештаиет од страна на полицијата велат дека тој починал од ненасилна смрт.
Сега се е во рацете на судската власт и истражителите на овој случај.
Дали Даниеле ќе биде еден во низата насилни напади од страна на полициски службеници со смртни последици.
За потестување. Познатиот случај со Џорџ Флојд од Минеаполис кој за минорна работа беше убиен од полициски службеник. Се работи за наводно плаќање со лажна кредитна картичка и бедни 20 долари.
Во случајот со Даниел Хименез е уште побизарен, затоа што бил фатен на рибилив без дозвола за риболов и бил приведен.
Општо земено, и помалку или повеќе свесно, во двата случаи виси сенка расизмот вкоренет во мислите, ставовите и однесувањата што водат до недоверба меѓу малцинските народи и хегемоничкото општество чиј резултат е видлива нееднаквост и сите форми на видлива неправда.