Близу две третини или 64 % од добитниците на владините ваучери за помош поради коронавирусот се етнички Албанци, ова го покажува докуменот кој се појави на социјалните мрежи, а потекнува од владината електронска дата база.
Според инфографиката на Владата 16 проценти од добитниците се Македонци а по нив следуваат Роми со 11 %, Турци со 7 % и Бошњаци со 1 %.
Објавената инфографика покажува дека ниту еден Влав или Србин нема да добие картичка за ваучер од Владата.
Картички за ваучери треба да добијат околу 120.000 граѓани или приближно 75 илјади Албанци, 20 илјади Македонци, 13 илјади Роми, 9 илјади Турци и 1200 Бошњаци.
Владата најави дека вкупно 115 илјади граѓани ќе добијат ваучери за домашен туризам.