Новосадската полиција и понатаму истражува и ги бара сторителите кога на 20 јуни во населбата Чертар во Сремски Карловац силувано е деветгодишно наглуво дете кој сеуште е во болница.
Ромите кој живеат во Черта се затворени во своите куќи од страв а во семејната куќа на детето немаше никој. Според зборовите на соседите родителите на детето ја избегнуваат јавноста и медиумите.
“ Ги немам видено повеќе дена, откако се обелодени случајот. Луѓето ги обвинуваат затоа што дозволиле детето само да замине на таа забава и во право се.
Цела ноќ се забавуваа во една од куќите а се слушаше и музика.
Соседите велат дека последните денови често ги посетува полиција , но соседите незнаат дали некој е приведен.
Според неофицијални информации сослушани се повеќе лица но не се знае дали некој е задржан. Тоа што е дополнително загрижувачки е дека момчето е силувано повеќе пати и дека во силувањето можеби учествувале повеќемина.
И покрај траумите и отежнатиот говор, момчето им даде исказ на полицијата и се надеваат дека сторителите ќе бидат откриени.
Link: https://nova.rs/hronika/nova-rs-na-licu-mesta-monstrumi-silovali-decaka-9-celu-noc/