Хелсиншки комитет: Полициска бруталност и самоволие кон бездомните граѓани

Хелсиншкиот комитет заедно со останатите членки од Мрежата за заштита од дискриминација реагираше на полициската бруталност и самоволието кон бездомните граѓани за кои известија повеќе медиуми.

 

МВР испрати иформација до медиумите дека од страна на полициски службеници од Полициската станица Аеродром биле преземени мерки и активности за констатирани прекршувања на полицискиот час од група граѓани кои биле собрани на јавно место и го нарушувале јавниот ред и мир со пуштање гласна музика.

 

Според изјавата на МВР, пет лица прво дрско се однесувале кон полициските службеници, по што физички ги нападнале, а едно од нив фрлило камен кон нивното полициско комбе. Врз основа на овие настани, кон пет лица биле поведени постапки за утврдување на прекршочна, односно на кривична одговорност.

 

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за случај од кој може да се утврди лична одговорност на неколку лица кои живеат на наведената локација. Тие се веќе идентификувани, лишени од слобода и кон нив веќе се преземени иницијални акти за утврдување на одговорност.

 

Оттука, силата употребена врз лица (мажи, жени, деца, постари лица) кои на ниту еден начин не се инволвирани во настанот покажува дека полицијата употребила сила за да одбие замислен напад.

 

Неодамна во Штип (на 12 мај, на Радански пат), медиумите објавија сличен инцидент со полицијата, каде имало употреба на сила кон група граѓани поради едно патничко моторно возило натоварено со дрва, управувано од Роми.

 

Заклучок на Хелсиншки комитет е дека ова покажува непрофесионалниот однос, полициската бруталност и самоволието при постапувањето кон Ромите и другите категории сиромашни и маргинализирани граѓани е честа практика на полицијата. Ваквиот третман на полицијата кон ранливите групи граѓани нема да ја врати довербата во полицијата, туку, напротив, ја урива, притоа придонесувајќи граѓаните да се чувствуваат загрозено и уплашено, претрпувајќи психички стрес, наместо да се чувствуваат заштитено од страна на полициските службеници.

 

Препорака: Хелсиншкиот комитет и останатите членки од Мрежата за заштита од дискриминација бараат утврдување на лична одговорност од секој полициски службеник доколку тој ги пречекорил своите службени овластувања, како и од сите лица кои издале таква наредба. Бараме од Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, да поведе постапка за испитување на случајот и доколку се утврди злоупотреба на овластувањата на

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 227 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот