Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна Влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача вчера претседателот Зоран Заев на трибината која се одржува во општина Шуто Оризари.
Сите седум министри без ресор, кои што дадоа резултат, но немаа свој капацитет заради инфраструктура, ќе ги укинеме како министерства без ресор, но ќе создадеме агенции, директорати за да работат уште повеќе“, порача Заев
Ова значи дека еден од министерставата без ресор кој припаќаше и на Ромите, се укинува, но затоа ќе се формира агенција, директорат со истите или слични ингеренции кој се тесно поврзани со ромските прашања.