На триесет ученици Роми во прилепското основно училиште „Добре Јованоски“ им се доделени 30 таблети, паметни уреди со по 10 GB интернет. Донатор е Ромскиот образовен фонд, а носител на проектот е невладината организација „Сонце – Тетово“, во соработка со прилепскиот партнер, организацијата „Рома Перспектив“. Според Реџеп Али Чупи, директор на Ромскиот образовен фонд во март формираше ургентен фонд за помош во образовниот процес во 16 земји. Во Македонија се доделуваат 640 вакви таблети. Неизвесноста како ќе почне новата ученба година, создава потреба да се биде подготвен.