Податоците што ги објави Државниот завод за статистика во публикацијата „Северна Македонија низ бројки“ покажуваат дека во 2019 година најмногу граѓаните трошеле пари за храна и безалкохолни пијалоци (43.1) и за комуналии (10.8). Не заостануваат ниту трошоците за отплата на кредити и инвестирањето во недвижности. (8.0)
Околу шест проценти од вкупната потрошувачка отпаѓаат на трошоците за превоз, пет проценти се трошат на облека и обувки, четири ипол проценти за купување мебел и одржување на покуќнината и четири проценти за одење по ресторани и хотели. Најмалку пари граѓаните трошат за образование и културни активности.
Зголемени трошоци се забележани кај алкохолните пијалоци, тутунот, храната и безалкохолните пијалоци, а намалување кај трошоците за облека и обувки, превоз и домување.