Почина Проф. Др Трајко Петровски, врвен Ромски етнолог

На 6 август оваа година по кратко и тешко боледување на своја 68 годишна возраст почиина Проф. Др Трајко Петровски.

Трајко Петровски е роден на 18 Мај 1952 година. Докторирал во 1997 годинана катедрата по етнологија во Универзитетот во Загреб. Преку својата научно истражувачка дејност остави длабок впечаток во ромската антропологија, фолклористика, историја и јазик на Ромите како научник при Институт за фолклор “Марко Цепенков“ во Скопје. Во историјата останува како првиот доктор на науки од ромска припадност а неговите дела како важни историски ракописи. Кога во Македонија, ромскиот јазик беше во почетнички развој, Петровски го напишал првиот ромско македонски и македонско ромски речник во 1998 година. Автор е на Ромската Граматика во издание на асоцијацијата Романо Ило. Исто така, од неговиот ракопис сега засега, учат ученици Роми во основното образование. Автор е на учебниците по предметот Јазик и култура на Ромите за трето, четврто и петто одделение. Од научно истражувачката дејност, значајни дела се каландераските обичаи на Ромите и етничките карактеристики на ромското население во Македонија. Во 2017 годинаја издал и Историјата на Ромите во Македонија и Балканот. Инаку Трајко Петровски беше и дел од Интернационалната Ромска Унија - ИРУ каде даде свој голем придонеса преку Комсијата за јазик и култура и воедно имаше свои презентации за време на одржувањата на Научните симпозиујми организирани од ИРУ во полето на културата, јазикот и детали од Ромскиот Холокауст. Тој со своите научни истражувања и анализи остави длабок белег како и документи за понатамошни истражувања на тие полиња.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 369 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот