Реакција: Директорот на Здравствениот Дом во Делчево – Др Марија Глигоровска најгрубо и непорфесионално ја сегрегираше Ромската заедница од Делчево

Здружението на Правници Роми – ЗПР Скопје и АДДР Сонце – Тетово, строго го осудуваат грубото прекршување на правата на пациент-граѓанин на Општина Делчево и јавното стигматизирање и подигање на нивото на нестрпливост спрема Ромската заедница во Градот Делчево од страна на Јавниот Здравствен Дом „Гоце Делчев“ – Делчево и неговиот законски застапник – Директор Д-р Марија Глигоровска

Имено, директорката на ЈЗУ здравствен дом „Гоце Делчев“ - Делчево Г-ѓа Марија Глигоровска, на 12.08.2020 година даде изјава на интернет порталот „delcevo365mk” , повод на првото лице заболено од Корона вирус Ковид 19 во Делчево.Во својата изјава директорката јасно нагласи дека станува збор за лице од Ромска етничка припадност и дека има повеќе лица кои биле во контакт со заболената, а тоа го објасни со „Нивната психоза е малку подруга кога еден ќе се разболи, сите се заедно“ .

Сметаме дека таквата изјава на директорката е недозволива, неетичка и непрофесионална, бидејќи веднаш алудира на сегрегацијаи стереотипизирање на ромската заедница во целост.

Употребениот термин психоза (од страна на стручно медицинско лице), како карактеристика на граѓаните од Ромската заедница дирекно ја стигматизира таа заедница и ја карактеризира како граѓани кои имаат болест за неможност да се разграничи што е реално а што нереално или имагинарно.

Секое физичко и правно лице кое со своето однесување чини повреда на приватноста и на правото на заштита на личните податоци подлежи на санкции согласно закон се вели во дел од соопштението од страна на Здружение на Правници Роми – ЗПР Скопје и  Асоцијација за демократски развој на Ромите СОНЦЕ - Тетово

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 178 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата