Во пресрет на изборите во Црна Гора објавено е видео каде се гледа дека се делат лични карти на Роми во таа држава.
На тие фантомски бирачи предупреди и Славен Радуновиќ функционер од коалицијата
„За иднината на Црна Гора„.
-Доколку полицијата тоа не го спречи и тие „фантомски бирачи„ да гласаат на изборите во недела , ќе ги спречат нашите луѓе. Не сакаме повеќе да трпиме некој да дојде во Црна Гора и да го даде својот глас за 50-тина евра , и потоа да се врати во државата кај што живее. Тоа ниво на изборен криминал мора да престане и да не се случува. – напомена Радуновиќ