Министерството за одбрана објави оглас за прием на 200 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија. Тие по завршување обуката ќе имаат можност да засноваат работен однос на определено време (на 4 години) со можност за негово продолжување од повеќе пати, но најмногу на 45 годишан возраст.
Меѓу условите е и да не се постари од 25 години. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.
Повеќе информации на следниот линк:http://www.mod.gov.mk/?objavuvanje=%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%b5%d0%bc-%d0%bd%d0%b0-200-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%84%d0%b5%d1%81%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%bd&lang=mk