Од свои извори порталот Рома Тајмс дознава дека наскоро, најверојатно од идниот месец ќе профункционира Гинеколошкото одделение во склоп на Здравствениот дом во Шуто Оризари.
По последниот случај на починување на една Ромка и нејзиното бебе во ГАК кој се случи пред десетина дена, како да се запали „црвениот аларм„ за повеќегодишниот проблем со матичен гинеколог во општината Ш.Оризари.
Според искажувањата, Министерот за Здравство Венко Филипче, пратеникот Љатифа Шиковска, градоначалникот на општината Курто Дудуш како и Иницијативата на жени Ромки од Шуто Оризари на последниот свој состанок заклучија дека е потребно да се превземат конкретни чекори во реализација на овој проблем. Според нив, Гинеколог веќе е пронајден кој и самиот е заинтересиран и ќе работи во ординацијата. Сега се чека на опремување на ординацијата со најсовремена апаратура, како и потпишување на концесионерски договор кој за почеток ќе биде на 4 години. Исто така во ординацијата заедно со гинекологот ќе работи и медицинска сестра – Ромка, која за почеток ќе биде платена од страна на општината, за подоцна ќе биде платена од страна на самиот гинеколог.
Инаку стартот со работа на гинекологијата се очекува да започне веќе од идниот месец.
Истовремено Рома Тајмс дознава дека исто така во брзо време се очекува Здравствениот Дом Шуто Оризари ќе има и служба за Прва помош со свое возило за брза помош и воедно со доктор и шофер.