Телеграма со сочувство од ИРУ поповод смртта на проф. Д-р. Рајко Ѓуриќ

Интернационалната Ромска Унија – ИРУ во име на сите досегашни делегати и членови на ИРУ од 1971 па се до ден денешен испрати телеграма на која го изразува своето длабоко сочувство за големата загуба поповод смртта на истакнатиот ромски интелектуалец, борец за Ромските права и познавач на ромската историја, култура, традиција и јазик проф.Д-р. Рајко Ѓуриќ.
Во самата телеграма меѓудругото е и наведено:

Почитувани

Ова се многу тешки и тажни моменти, како за неговото најблиско семејство, така и за сите нас, ние како Интернационалната Ромска Унија – ИРУ.
Тешко е да се најдат зборови што би ја опишале големата тага по загубата на саканиот родител, пријател и, пред сè, еден од најголемите Роми на денешницата, Проф. Д-р Рајко Ѓуриќ.
Со заминувањето на нашиот драг пријател, професор, доктор, учител, ние Ромите изгубивме голем борец за правата на Ромите, голем поет. Со својот интелектуален капацитет, тој остави многу дела, натписи, статии, дела, патоказ како да се зачува нашата историја, традиција, култура, јазик. Ќе остане запаметен како дарежлив човек познат по својата упорност и истрајност за доброто на својот народ.
Тој ни даде патоказ, на сите нас Роми, аналогно на нас од ИРУ, да ги продолжиме своите дела и неговата мисла и идеја за поголемо единство меѓу нас. Професоре, д-р Рајко Ѓуриќ, ви благодарам за сè што стори за сите нас Роми од сите меридијани. Засекогаш ќе останете запаметени во нашите срца. Во име на сите членови и делегати на ИРУ од 1971 година до денес, ни беше чест и привилегија да живееме во вашата ера, да ве познаваме и кој секогаш ни помагал во нашите активности, да бидеме уште посилни и поголеми. Сите генерации на ИРУ изразуваат искрено сочувство до неутешното семејство, неговите колеги, соработници, пријатели и на сите луѓе што ја ценеа неговата работа.

Вечна ти слава, Докторе!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 112 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот