Обилните дождови кој паѓаат неколку дена без прекин го подигна нивот на реките во неколку општини во Јужна Србија и ги поплави населените места кои се во непосредна близина на тие реки. Поради обилните врнежи канализациите не можеа да ја соберат сета таа вода и сега се поплавени многу улици, дворишта и подрумски простории во пониските делови на градовите, селата и општините.
Исто така голем број на ромски населби кои се во непосредна близина на тие реки се поплавени , со тоа што во општината Власотинце во еден од пониските делови во ромската населба „Црн Марко„ водата е навлезена и во кучите. Таква е и состојбата во ромската населба во Лебане, во населбата Славко Златамовиќ во Лесковац како и во росмките населби во Владички Хан и Сурдулица –Прекодолце.
Според информации, видео клипови и фотографии кои ги поставуваа Ромите од тие населби, тие велат дека веќе неколку ноли не спиеле , туку се организирале за да можат да го заштитат целиот имот од домот кој го имаат од поплава.Оваа елемнтарна несреќа е пријавена и до институциите, така што сега на терен се излезени службите за спасување, противпожарни екипи, и полицијата.