Вкупно 638 стипендии се доделени на ученици Роми запишани во прво и второ одделение во учебната 2020/2021 година во рамки на проектот финансиран од Европската Унија „Редовно на часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“.
Стипендијата е за период од една учебна година и во износ од 400 евра годишно во денарска противвредност. Наменета е за покривање на трошоците за школување на децата, за храна, облека, училиштен прибор и материјали, спортска и друга опрема за воннаставните активности на децата.
Проектот „Редовно на часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“ е финансиран од Европската Унија и ќе се имплементира до октомври 2022 година.