Жителите на Шуто Оризари се надеваат дека златна рипка ќе им го реши проблемот со матичните лекари

Расте нетрпеливоста меѓу граѓаните од Шуто Оризари. Во моментов, на еден матичен лекар во поликлиниката од оваа Општина има 3000 пациенти кои се прегледуваат. Ова особено ја отежнува работата и го загрозува здравјето додека вирее Ковид-19. Жителите во случај да се заразат, не можат да закажат термин за тестирање. Затоа, Иницијативата за развој и инклузија на заедниците од Скопје денеска симболично и’ даде признание, на како што велат, најлоша поликлиника во градот.

Од Влада, пак, на денешната прес-конференција велат дека до нив не стигнало официјално барање од иницијативата за овој проблем, но истакнуваат дека Министерството за здравство не може да назначи матични лекари.

„Постојат законски постапки како некој може да отвори ординација како матичен лекар. Тие се уредени со Законот за здравствена заштита и подзаконските акти како: Правилник за потребниот простор, опрема и стручен кадар за основање, започнување со работа и вршење на здравствената дејност во здравствена установа. Откако ќе се завршат сите тие постапки, Министерството само издава дозвола за работа“, велат од Влада.

 

„Нашиот апел до сите е дека во тек на пандемија не смее да се дозволи да се остават граѓаните без здравствена заштита и матичен лекар“, рече тој.

Ова се случува додека 250 лекари по општа медицина, од кои само еден Ром, се пријавени како невработени, според информациите кои иницијативата ги добила од Агенцијата за вработување.

 

„Особено загрижува игнорантскиот однос на институциите и Министерството за здравство, пред се. Не може да се каже дека објавуваат постојано јавно огласи за концесионери и да не се преземе ништо, кога знаеме дека тука живее најмаргинализираното население кое е во социјален ризик и токму на нив им е потребна примарна здравствена заштита“, се надоврза Салија Бекир Халим од Иницијативата на жени од Шуто Оризари.

 

Link: https://www.radiomof.mk/zhitelite-na-shuto-orizari-se-nadevaat-deka-zlatna-ripka-kje-im-go-reshi-problemot-so-matichnite-lekari/

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 145 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата