Народната кујна во Шуто Оризари ќе паузира, поради новиот бран до Ковид 19

Општината Шуто Оризари излезе со свое соопштение во кое се вели дека Народната кујна ќе паузира на одредено време поради ноиот бран со Ковид 19 на територија на општината. За да се сочува здравјето на граѓаните , бараме за разбирање на оваа донесена одлука се со цел да се држи под контрола бројаката на заразени граѓани во рамките на општината, информираат од општината. Изминатата недела беше исклучителен предизвик, особено од аспект на одржување на ред и дистанца помеѓу сите корисници имајќи во предвид дека работиме со намален капацитет во тимот.  Со цел да го заштитиме вашето и нашето здравје, а согласно најавите на Министерот за здравство дека допрва не очекува пикот на третиот бран, Ве известуваме дека кујната нема да функционира краток временски период, почнувајќи од понеделник 29 март. Корисниците ќе бидат и теренски информирани за паузата како и за датумот на почетното отварање, веднаш по стабилизирање на бројката на заразени и враќање на сите членови во тимот. Здравјето пред се! Избегнубајте гужви, излегувајте само доколку е неопходно и чувајте се! Ние сме тука – продолжуваме многу скоро – а дотогаш останете во добро здравје.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 104 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот