Нови маки за ДЗС, одложувањето на пописот ќе предизвика нови подготовки

И Заводот за статистика го чека конечниот договор за одложување на пописот. Од таму велат дека не сакаат да го коментираат договорот на двајцата партиски лидери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски за одложување на пописот се додека не се заврши целиот процес во Собранието.

Директорот на Статистика, Апостол Симовски  вели дека во интерес на процесот на попишување на македонските граѓани, нема да дава изјави за медиуми.

– Предлогот треба да го видиме и на дело, вели Симовски.

Според министерот за правда Бојан Маричиќ измените на Предлог законот за попис веќе биле разговарани на средба со директорот Апостол Симовски и со неговиот заменик Илми Селами.

– Измените се сведуваат на две прашања, тоа е датумот на попис кој е во една одредба, наместо од 1 до 21 април ќе пишува од 5 до 30 септември и во делот дека дијаспората ќе може да продолжи да се попишува од 1 март кога почна, до 30 септември кога треба да заврши теренскиот дел на пописот, рече Маричиќ.

Процедурата е следна – откако Владата ќе го усвои на седница, Предлог-законот за попис ќе биде доставен доп Собранието. 

– Бидејќи не се работи за суштински измени очекувам Собранието брзо да го усвои. Поради итноста на моментот во кој се наоѓаме пред започнување на попис, новиот предлог закон за попис, исто како и претходниот, ќе биде со европско знаме и по скратена постапка. Така ќе може да го оствариме она што вчера беше договорено на средбата. Во таа постапка не е возможно да се блокира со поднесување на илјадници амандмани, рече Маричиќ.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 701 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот