Се разгорува борбата помеѓу Ромите од Горна Чаршиј и градските власти за некогашниот локал „Бело јагне„ на плоштадот Слобода во Врање.
Новата ПВЦ столарија во некогашниот локал „Бело Јагне„ ги вознемири Ромите од Врање поради сознанието дека просторот е остапен „некому„ и со тоа се здружија ромските здруженија и видни Роми кој спроведија акција за доделување на тој простор за Ромите.
Од градот им беше решено дека објектот се реновира и е биде даден на лицитација, и им беше речено ако ги најдат документите за објектот нема да има проблем.
Но Ромите велат како ќе ги најдат тие документи кога зградата е подигната во 1937 година.
Огорчените Роми велат дека „три пензионерски здруженија на Срби во Врање имаат три простории, додкеа легалното ромско здружение нема ништо и дека тоа е дискриминација.
Ромите потсетуваат дека „ општината Врање во 1995 година им го додели на Ромите овие простории, и во 1999 година беа сместени раселени лица од Косово, ко си заминаа уште пред десетина години, и сеуште не им е вратено повторно на Ромите.
Тие најавуваат дека ќе се жачат и кај претседателот на Србија Александар Вучиќ.