На 25 мај 2021 - во Кинотека на Северна Македонија и во организација на СП БТР по 18-ти се организира „Интернационален филмски ромски фестивал Златно тркало 2021„
На овогодишната манифестација ќе учествуваат над 15 филмови од документарен карактер од повеќе странски држави, како што е Велика Британија, Ирска, Латвија, Унгарија, Шпанија, Романија, Турција, Србија и Македонија.
Истовремено во делот на едноминутни видеа свое учество ќе земат децат од основни училишта кои преку нивната филмска имагинација ќе ги доловат своите видувања на публиката.
Организаторот СП БТР како и секоја година на најуспешните ќе им додели статуетки и дипломи.
Наградите се во следните категории: Grand prix, Најдобар документарен филм, Најдобра режија, Најдобро сценарио, Придонес во Ромската Стратегија: и Најдобра музика како и три награди за најдобри едноминутни видеа, Инаку во претходните три дена имаше и работилници поврзани со предфестивалските активности.
Инаку на последниот ден на 25.05.2021 пред свеченото затварање и доделување на наградите ќе биде прикажан ревијално документарецот на СП БТР по сценарио на Зоран Димов „Небо, Точак,Земја„ за ромската историја