Муратов: Ако сакаме да бидеме дел од Европа мора да се напушти концептот на фаворизирање етникуми

Јас сум позитивниот пример и можност да се каже дека постои возможна мисија да успееш како Ром, во неромски средини. Кај нас имаме една перцепција да бидеме моноетнички – имаме невладини организации само со Роми, медиуми само со една или друга етничка заедница. Затоа велам дека јас сум еден од ретките примери каде што работeв една мулти етничка средина. Не работам во ромска средина, не работам само за ромските прашања, да, се борам за правата на Ромите и за недискриминација, но исто така се бориме и за правата на ЛГБТ заедницата, за правата на жените, правата на Македонците, Албанците, Турците…, изјави во Утрински брифинг новинарот и граѓански активист Дехран Муратов.

Напредок има. Тоа се гледа. Еден од нашите проеkти, и заложбите е борбата со хибридните закани и лажните вести, дезинформации и говорот на омраза. Во текот на Евровизија имаше еден статус „малечката циганка која се мажеше во Белгија – порасна“, наведувајќи на презентерката од Белгија која ги презентираше резултатите, алудирајќи на една несреќна случка и се добива перцепција дека сите Ромки се мажат на 12, 13, 15 години. Но она што е статистика е дека поголем број на жени Ромки завршуваат високо образование, за разлика од мажите, но тоа не е претставено и кажано во медиумите.Ако сакаме бидеме во чекор со Европа и сакаме да бидеме дел од Европа и граѓани на Европа, мора да почнеме да го напуштаме оној концепт на фаворизирање на етничката припадност и национализам, туку да се вратиме кон она што значи почитување на различностите културите и почитување на способноста. Работата на одреден човек треба да биде приоритет, а потоа етничката припадност. Затоа велам, можеби сум еден од ретките кој што никој не го прашал што е по етничка припадност, додава Муратов.

 

Video:

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 204 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот