После долго и тешко боледување во Охрид почина долгогодишниот ромски активист и борец за правата на малцинските заедници Нијази Таип (77).
Нијази Таип остовремено беше и делегат и член на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ и воедно потпреседател на ИРУ за Австралија.
Тој долги години живееше во Австралија, каде беше и активен член во Здружемоето на Ромите во оваа прекуокеанска држава.
Беше иницијатор на повеќе превземени акции кога се работи за Ромската дијаспора.
Во последните години откако се пензионира се врати во своето родно Охрид и го продолжи своето активно учество во ромскиот активизам до последниот ден.
Нијази Таип е роден во 1944 година.