Во блиина на Лозница се случи тешка сообраќајна несреќа каде четворица ги загубиа своите животи, а неколкумина се тешко повредени. Комбето кое превезувало сезонски работници во берба на јагоди се судри со шлепер.
Несреќата се случи на 5 јуни околу 6.25 часот
Жртвите се од селата Јадранска Лешници и Јошево. Тоа се Горан М, Радојка Ј, Софија Б и Радислава Т.
Сите жртви и повредени беа сезонски работници кои беа ангажирани за берба на јагоди. Работеа за да ги прехранат своите семејства за дневница од 20 евра. Горан М беше татко на три малолетни деца. Неговата сопруга Лилјана е тешко повредена. Тие беа од селото Јошево. Три жртви се од селото Лешница. Софија Б беше мајка на 5 деца
- Целото село е завиено во црно, велат мештаните. Настрадаа вредни и чесни луѓе, кој се бореа да заработат 20 евра дневница за а може да ги прехранат своите семејства.