Долгогодишниот ромски активист и почитуван интелектуалец кој прозилегува од Ромската заедница, започна да работи како државен секретар во Министерството за правда. Инаку м-р. Мухамед Точи магистрираше уште во 2014 година на тема „Правата на малцинствата во рамките на Европа со посебен аспект кон Ромската етничка заедница“.
Тој е и долгогодишен активист на граѓанското општество, лидер на ХДЗР „Месечина“ Оваа информација исто така и на својот ФБ профил ја објави и самиот Точи каде меѓудругото е напоменато: „Ја изразувам мојата благодарност, до сите вас, надевајќи се дека нашата соработка, поддршка и пријателство ќе продолжи во иднина, заради постигнувањето на заедничката цел ЕДНАКВО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ!„