Уметникот Дурмиш Ќазим создава цртежи низ кубистичка анализа во коишто бегството нема да биде перманентно чувство. Отворено се посветува на своите културни корени, на атмосферата што упатува на детство, на социолошки елемент, и посветувајќи ги искрено своите размисли трансформира и дефрагментира. Ги расчленува формите и низ богат колорит како низ игра на раката создава свој карактеристичен свет во кој престојува од бегството.
Делата на Дурмиш Ќазим може да се погледнат на изложбата „Бегство" во резиденцијата на ЕУ. Повеќе информации и резервација на бесплатни билети: https://bit.ly/3tMjsSO #ЕУзаУметностите