Жешко лето: Граѓаните ќе се тепаат за лежалки на плажа, а политичките партии за градоначалнички и советнички столчиња во изборната жешка есен

Со приближувањето на локалните  избори се повеќе се вжештува и атмосферата помеѓу политичките партии која на некој начин ќе кулминира и со „инфекција„ и кај гласачите. Со старт на летото стартуваат и теренските активности, мерење и „билдање„ на рејтинзи. Со оглед дека неможноста за почеток на преговори со ЕУ ќе го дочека и периодот за локалните избори кои ќе се одржат во втората половина на октомври, опозициските партии веќе се подготвуваат да прокнижат поени од тој неуспех,  додека позицијата ќе се насочи на програми за локален развој и ако случајно ЕУ ипрати позитивен сигнал тоа ќе биде плус бонус нивно „алиби„ кај гласачите. Но се поставува прашање со каков профил ќе бидат идните кандидати за градоачалници и советници? Што ќе понудат? Какви програми, и  со што ќе го натера народот токму него да му го дадат гласот?

Факт е дека сега ќе почнат да ги посетуваат сите сокаци, улици, куќи ќе се сочувствуваат со нивните проблеми, ќе ја разбираат нивната мака, ќе ги слушаат нивните проблеми и веднаш ќе ветат дека ако се гласа за нив тој проблем повеќе нема да го има! А и самиот народ ќе знае дека тој „филм го гледале„

Што се однесува до кандидатите што може да се очекува? Едно е сигурно дека партиите на некој места ќе нудат исти имиња, на накој места тотално нови лица „без црни дамки„ а нормално ќе „никнат„ и независни кандидати.

Со сигурност е дека меѓу кандидатите ќе има и такви профили како што се „бизнисмени„ кои нема да зависат од градоначалничката функција, но ќе има и такви каде работното место - Градоначалник ќе сакаат да го искористат за личен бенефит. А сите ќе бидат со слоганот „Се за народот„

Не треба да ги заборавиме тука и и некои лица од добростоечките непрофитни НВО организации, кој ќе го бараат „благословот„ од тој напатен народ за преориентација од НВО во политички води. Тоа ќе го направат или самостојно преку своите добропрофитни организации или пак во фузија со некој од поголемите и влијателни партии како нивен „сателит„

Но за се ќе се декларираат дека нив политиката не ги интересира туку ги интересира само - граѓанинот и неговиот добробит.

Но сега престои правење на планови, проекти, скици, и неформални средби, а кога ќе дојде крајот на летото тогаш знак за - ЈУРИИШШШ.

Значи не чека жешко лето: Граѓаните ќе се тепаат за лежалки на плажа и термини за вакцини и вадење на пасоши и друга лична документација , а политичките партии за градоначалнички и советнички столчиња во изборната жешка есен

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 126 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот