Резултатите од тоа во општството веќе се видливи, затоа што голем дел од нив веќе се ученици во средните училишта и студенти на високообразовните институции, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Вклучувањето на децата Роми во претшколското образование, но и потоа во образовниот процес, според неа, е многу значајно, особено што голем дел од нив доаѓаат од семејства во социјален ризик .
Според Реџепали Чупи, директор на Ромскиот едукативен фонд со седиште во Белград, важноста на овој проект, покрај во бројките кои се постигнати, е и во фактот што тој почнал да се спроведува со 100 процентна финансиска поддршка на овој Фонд, а оти сега околу 65 проценти од финансиските средства ги обезбедува државата.