Од вчера започна и функционирање на вакциналниот пункт против Ковид 19 и во поликлиниката Шуто Оризари. Затоа за време на овој настан Минстерот за здравство Венко Филипче нагласи:„ Се охрабруваат граѓаните да ја искористат можноста за заштита на своето и здравјето на своите најмили и да се вакцинираат, секој работен ден, без закажување, во прва смена.
За да не се создадат гужви и да се почитуваат протоколите, Ве молиме за соработка со персоналот и за трпение. Се грижиме! Доближување на услугите до граѓаните!„ беше напоменато од страна на присутните протагонисти на овој настан.