Во рамките на одбележување на 77 години од најпознатите и најголеми геноциди кога над 3.000 Роми беа ликвидирани во нацистичкиот камп Аушвиц - Биркенау, во периодот од 31 јули до 2 август 1944 година, во Собранието на РС Македонија свое излагање имаше пратеничката Љатифа Шиковска која беше придружувана од преставници од Мрежата за системски и трајни решенија.
Таа во својот говор пред преставниците на Интерпарламентарната група од РС Македонија и останатите ги потенцира и ги запозна со ова злосторство сите присутни како и страдањето на Ромите во времето на германскиот национал социјализам.
Во тој контекст беше прикажан и документарниот филм „Небо-Точак-Земја „ во продукција на СП БТР и како нејзин главен творец координаторт на Мрежатра за системски и трајни решенија и воедно претседател на Интернационалната Ромска Унија – ИРУ, господиноит Зоран Димов
Во самиот документарец беше прикажан и делот за страдањата во времето од Ромскиот Холокауст каде според некои проценки страдаа околу 500.000 Роми и Синти.