Колку лесно можеше да се направи атентат врз Пендаровски на Денот на независноста?

Овој триесет годишен јубилеј од независноста беше организиран со строги ковид протоколи, улиците беа затворени, столчиња беа наредени од Црвен крст, па се до Триумфална порта на скопскиот плоштад. Македонскиот политички врв на чело со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на владата Зоран Заев, пратеници, дипломатски кор, бизнисмени… беа присутни на оваа прослава. Многу припадници на полицијата, армијата, членови на обезбедувањето на политичарите беа распоредени долж трасата на која се одржуваше манифестацијата за Денот на независноста. Но, во еден момент како сите овие да заспаа! Имено на оваа манифестација се случи еден клучен безбедносен пропуст за кој во други држави би „летале оставки“ истиот ден.  Токму кога требаше да говори Стево Пендаровски се случи огромен безбедносен пропуст, па истиот можеше да биде кобен по животот на претседателот. Токму на денот на македонската независност, кога Македонија одбележуваше триесет години од својата независност можеше да се случи атентат врз шефот на државата! Во моментот кога претседателот Пендаровски се движи кон бината на која требаше да одржи свечен говор, во еден миг позади него, во непосредна близина поминува човек на велосипед: До првиот човек на државата не се наоѓа ниту еден член на неговото обезбедување, а по безбедносен протокол за обезбедување на ВИП личности, до него во тој момент морало да има минимум четири лица кои ќе го обезбедуваат. Но, како човекот со велосипед успеал да помине покрај сообраќајната полиција и како ниту еден од нив не јавил по врска велосипедистот да биде сопрен од останатите нивни колеги? Оние кои биле во непосредна близина на бината каде седеле ВИП личностите  во моментот кога било забележано лицето на велосипед од страна на обезбедувањето на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз веднаш бил направен кордон околу неа, по се изгледа плашејќи се дека ова е обид за атентат врз претседателот на државата. Откако велосипедистот го одминал Пендаровски, видно вознемирен бил и Зоран Заев, но и Оливер Спасовски. Спасовски, откриваат нашите извори кои биле на лице место, истиот момент станал и со висок тон се обратил кон одговорните за обезбедување на местото, а изворот вели дека министерот за внатрешни работи им се заканил и со откази од работното место. Одговорност за овој настан мора да има, но залудно ќе беше доколку тој ден се случеше уште една катастрофа, пред таа во Тетово.

Link: https://kurir.mk/makedonija/vesti/beshe-li-izbegnat-atentat-vrz-pendarovski-na-denot-na-nezavisnosta/?fbclid=IwAR2muXgQp26SKEP2znLvS3wd304S3kQARRzG92qLunS-Nq23l-088Isc6QU

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 155 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата