Поранешниот турски фудбалер, Сезер Озтурк, во текот на вчерашниот ден, убил едно и ранил уште четири лица, откако почнал да пука од својот автомобил по кавга за сообраќаен метеж во близина на Истанбул.
Тој веднаш побегнал, а додека полицијата сѐ уште го бара, на социјалните мрежи се појави првата снимка од инцидентот, на кој од далеку се гледа како толпа луѓе бегаат, како и како насилникот разговара со жртвите пред да го земе оружјето. Сето та се случувало во еден дел на една ромска имровизирана населба во предградието на Истанбул.
Озтурк кој сениорската кариера ја почна во Баер Леверкузен, а играше и за турските гиганти Фенербахче и Бешикташ е притворен и обвинет за убиство.