Роми попишани како албанци, турци, македонци, притисоци врз ромската заедница – Граѓанското движење – АВАЈА алармира за сериозни неправилности при спроведувањето на пописот. Попишувачи тврделе дека во пописните графи нема етничка припадност Ром/Ромка, а во голем број општини, Ромите не биле прашани за етничката припадност. Од здружението апелираат, надлежните институции брзо да дејствуваат за, како што велат, бројните манипулации. Од мониторингот на терен, најмногу нерегулароности се забележани во Тетово, Дебар, Кичево, Велес, Струмица, Радовиш. Во скопски општини каде доминира ромско население, на три дена до истекот на рокот за попишување, пописот се уште не бил започнат. Од граѓанското движење денеска ќе испратат и допис со претседателот на државата, премиерот и министерот за правда, но и до дипломатските претставништва во земјава на ОБСЕ и Евростат.
Link: https://alfa.mk/romite-se-zhalat-deka-gi-popishuvaat-kako-albanczi-i-turczi/