Европската комисија објави 14 добитници на четвртата награда на ЕУ за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција. Оваа година наградата им беше доделена на луѓе кои промовираат еднаквост преку вработување.
Наградата на ЕУ за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција, беше ѕа прв пат објавена во 2014 година, има за цел да ја истакне важноста на интеграцијата на Ромите во процесот на проширување на ЕУ и да ја покаже одлучноста и посветеноста на ЕУ за подобрување на социјалната вклученост на Ромите.
Со оваа награда, ЕУ ги признава сите напори за зајакнување на Ромите да го реализираат својот целосен потенцијал како полноправни членови на општествата во кои живеат и работат. Наградата ќе помогне во финансирањето на идните проекти и можности за Ромите. Наградата за интеграција на Ромите има за цел да поттикне политичка посветеност и поддршка за вклучување на Ромите во Западен Балкан и Турција, фокусирајќи се секоја година на различни полиња. Наградата е финансирана од Европската унија и спроведена од организацијата Ромска актива од Албанија.