Според иформациите од ДИК на овие Локални избори 2021 година во нашата држава избрани се вкупно 21 советник во општинските совети. Од нив најголем број се во општината Шуто Оризари вкупно 13, во градост Скопје 3, и по еден советник во Ѓорче Петров, Гостивар Кочани, Делчево и Куманово .
Партиски распоредени најголем број од нив се СДСМ-5, Одлучно за промени ЛДП-ДОМ 4, СРМ – 3, ДСР-2, ПДПР-2,Левица – 2, РОМ РОМЕСКЕ – 1, ПЦЕР-1, РОМ – 1.
На ниво на град Скопје советници се Габриел Бајрам од СРМ, Мирдита Салиу од ДСР и Ерџан Селими од Ром . Во Шуто Оризари советници се Бајрам Куртеши од Ром Ромеске,Неџмија Саитова, Ферик Сулејманов и Бего Дурмишов од СДСМ, Симбат Емин од ПЦЕР, Елвис Бајрам и Сеад Исмаил од СРМ, Фатима Османовска, Фадиљ Џемаил, Сунита Сали и Измир Сали од ЛДП-ДОМ, Цвета Џеладин и Руфат Ајдин од Левица.
Во Ѓорче Петров Сенат Вели од СДСМ, во Куманово Самет Салиевски од СДСМ, во Гостивар Фирдауз Ајдари од ДСР, во Кочани Аки Акиов, ПДПР и во Делчево Зекир Абдулов од ПДПР.
Според половата застапеност 16 се машки и 5 женски и просекот на старост е околу 41 година.