Анализа: Што е причината за големиот број на неважечки гласачки ливчиња по првиот круг од локалните избори

Дали првиот круг на локалните избори покажа дека македонското општество е западнато во летаргија, која од еден во друг изборен циклус станува сè поизразена и која води кон понатамошна индиферентност на граѓаните за севкупните процеси во државата, вклучувајќи ги и изборите, како највисок демократски чин и израз на народната волја. Два феномена од првиот круг на локалните избори паѓаат во очи и се особено интересни за анализа. Тоа се релативно малиот одзив во споредба со претходните изборни циклуси и рекордниот број неважечки ливчиња.
Повеќе од 60 илјади неважечки ливчиња и под 50 отсто одзив на граѓаните од вкупниот број заведени во единствениот избирачки список се своевиден индикатор и аларм за политичките субјекти во земјава дека граѓаните не се задоволни од правецот по кој се движи државата изминатите 30 години и начинот на кој тие управуваат со неа. Притоа, ваквата порака од граѓаните се однесува еднакво и на власта и на опозицијата.
Токму неважечките ливчиња и малиот одзив се всушност еден заеднички индикатор дека по секои избори во земјава не се слуша и не се валоризира гласот на голем број граѓани, кои остануваат настрана Или можеби токму нивниот однос најсилно одекнува како громогласно предупредување за состојбите и условите во државата и односот на политичарите кон сето тоа.
Во моментот, изборите во најголем дел се сведуваат само на гласање на партиското членство, што, секако, не оди во прилог на демократските процеси во општеството.
Како причините за феноменот на малата заинтересираност за гласање, како и големиот број неважечки ливчиња ги лоцира исклучиво во незадоволството и револтот кај граѓаните од сето она што го видоа од партиите изминатите три децении.
Тоа е протест. Тоа говори до кој степен е дојдена македонската демократија. Добар дел луѓе повеќе не веруваат во овие елити што се борат за власт, бидејќи многу се искомпромитирани. Демократијата во Македонија сè уште е во зачеток и треба да помине многу време за да се сфати дека оној што се бори за власт, мора да има елементарно, морално, вредносно чувство за државата, за граѓаните и за општото добро. Ако тој го нема тоа, како ќе верува народот дека оној што се бори за власт му мисли добро на обичниот човек.

Граѓаните препознале дека сите политичари се исти и затоа го губат интересот за гласање.
Во оној момент кога не се почитуваат законите, кога политичарите играат улоги на луѓе што се само борци за да дојдат на власт и да земат дел од она што му припаѓа на народот, тогаш настанува разочарувањето. Тогаш луѓето или нема да излезат, или ако излезат, ќе го пречкртаат ливчето. Тоа е револт од овие состојби, бидејќи граѓаните увидоа дека сите политичари се исти и затоа им опаѓа интересот за секои избори.

Во најголем број станува збор за неопределените гласачи, кои биле разочарани и од едната и од другата политичка понуда, па сега не сакаат за никого да го дадат својот глас.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 331 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот