Уставно и законски утрврдената концепција на ИРУ Омбудсманот М-р Шенај Османов е да дејствува како единствен, самостоен и независен орган на целата територија на РС Македонија, Западен Балкан и ЕУ за да се воспостават нови практики од континуирана обиколка и разговори со граѓаните.
Тимот на ИРУ омбудсманот ќе се постави со три оддели и тоа: Анализа на судските постапки поврзани со заштита на човековите права, оддел за заштита на правата на жените и децата и пружање бесплатна правна помош на лицата од ранливата категорија.
Вака поставените цели на ИРУ омбудсманот во принцип ќе овозможат постапување по претставките од страна на граѓаните како и брзо и ефикасно остварување на основните човекови права.
Одделот за Анализа на судските постапки поврзани со заштита на човековите права ќе овозможи постапките да се извршуват постручно, поефикасно и континуирано со цел задоволување на потребите на лицата од ранливата категорија од областа на правото.
Во континуитет ИРУ омбудсманот ќе организира правна едукација за лицата од социјално ранливата категорија.