Во рамките на своите активности и воедно решавање и надминување на актуелните проблеми во врска со неевидентираните лица, вчера се одржа состанок со работната група составена од преставници на Министерството за правда, труд и социјална политика, УНХЦР, УВМК и граѓанските организации за решавање на проблемите со неевидентираните лица се состана со една цел, решавање на проблемот со неевидентираните лица. На тој состанок исто така свое видување и предлози за надминување на проблемите даде и Државниот секретар во Министерството за правда М-р Мухамед Точи.
Заклучок од состанокот е да се приберат потребните информации од сите вклучени министерства/институции за да се подготви информацијата до влада за системско решавање на проблемот.