Мрежата за системски и трајни решенија на Ромската заедница сеуште чека на одговор од неколку министерства за неправдите и нееднаквиот третман кон Ромите. Дали Ромската заедница е принудена да превземат други алтернативни мерки?

Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија во рамките на своите активности во изминатиот период испрати дописи и барања до неколку Министерства. Конкретното барање беше дали дел од назначените министерствца започнале со програмирање на планираните буџетски средства за 2022 година за интеграција на Ромите?

 

Пред се се мисли на испратените барања и дописи до Министерството за труд и социјална политика, Министерството за Здравство, Министерството за Образование, и Министерството за транспорт и врски.

 

Мрежата за системски и трајни решенија во која членуваат 12 ромски НВО организации, здруженија и асоцијации од Република Северна Македонија се мисли и се однесуваат на неправилности како и недоречености како во законите така и во несоодветнсата застапеност на Ромската заедница во тие сектори. Пред се се мисли на работни места и позиции во јавната администрација наменети за Ромската заедница и не ја рефлектира процентуалната застапеност на истата.  Како пример е тоа што во државната и јавната администрација во моментот има 1% вработени Роми заедно со вработените во комуналните претпријатија кои вршат комунални работи како хигиеничари. Само за потесетување, според пописот 2002 години во Република Северна Македонија, нас Ромите не имаше 2.6%.

 

Истовремено се потенцира и проблемот со домувањето, во смисла на легализација на нивните домови, се дел од реализираните цели на кои министерството заедно со партнерите работеше изминатиов период. Легализацијата на домовите на Ромите е неостварлив сон полн со кошмари и корупција. Се може да се легализира, но само домовите на Ромите не. Наголемиот дел од градоначалниците тврдат дека Ромските маала се во зелен појас каде требало да се изгради парк.

Во областа на здравството општопознато е долгогодишниот проблем со гинеколошка ординација во општината Шуто Оризари кој за жал сеуште нема никакво решение за тој проблем.

Во областа на образованието има наталожено повеќе проблеми и недоследности , како од предшколса возраст и градинките така и во основните, средните училишта и во високообразовните институции.

Во полето на правдата пробелмот сеуште постои и има законски недоследности во реализација на лицата без документи.

Што се однесува од полето на културата како егзантен пример е погребување на  Ромската култура, каде на последниот конкурс од вкупниот фонд од 17 милиони евра за ромската заедница се одвоени само 30 илјади евра за 13 проекти.

Инаку одбиени се многу проекти од областа на културата кои имаат свој континуитет, традиција, квалитет и интернационално значење. Во тој контекст овој потег на Министерството за култура се оценува и како „Културен геноцид на Ромите„

Воедно мора да се напомене дека и Стратегијата за Ромите според видувањето на голем дел од ромскиот НВО сектор има доста пропусти и нелогичности, но нема никакви корекции од страна на Владата на РС Македонија.

Самата Мрежа има доставено до надлежните Министерства барањеод поголемиот дел од тие Министерства, до ден нема повратен одговор или реакција.

Според ова се наметнува и прашањето до кога ќе трае овој игнорански однос кон Ромската заедница воопшто.

И од се најлошо е тоа што овие проблеми се влечат подолг период без некое конкретно образлочение или пак соодветно решение за истите.

Дали ова „влечење за нос„ на ромската заедница значи дека и трпението е при крај и е потребно самата Ромска заедница во овие навистина тешки времиња е потребно да превземе некои други алтернативни методи за нивно решавање.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 175 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата